Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер одигра по шема и убедливо ја победи Татабања во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Татабања 33:20 (17:9)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Битола ја продолжија успешната европска серија и по Швајцарија и Грција убедливо ја победија екипата на Татабања со 33:20, полувреме 17:9, во рамките на 4. коло од ЕХФ Европската лига. Со оваа победи се искаќија погоре на табелата и со реални шанси за продолжување на натпреварувањето после групната фаза.Стартот на натпреварот во Битола беше ефикасен и се играше гол за гол, а благодарение на убавите голови на Кубанецот, Табоада Дранке, кој постигна три од воведните четири гола во мрежата на противникот. Потоа следуваа убави за гледање за публиката на битолчани за резултатско одлепување од 9:5, а потоа тренерот на Татабања го повика тајм-аут. “Пелистерци“ продолжија со ефикасноста, го користеја секој напад, а  на одмор заминаа со 17:9, по феноменалното издание на домашната екипа, која играше по шемата на Бабиќ.Второто полувреме стартуваше со серија од 3:0, и се виде дека не само тоа дека победата ќе остане во Битола, туку и дека ќе биде убедлива. Гостинските ракометари постигнаа само два гола за петнаесет минути во вториот дел. Кај Еурофарм Пелистер најефикасни беа Мараш со шест и Табоада Дранке и Периќ со по пет гола.

Фото: Д. Ристевска и С. Ристевски 

More from СпортMore posts in Спорт »