Press "Enter" to skip to content

Жељко Бабиќ: Татабања е типичен европски тим, ние ќе дадеме сè од себе да оствариме победа

Еурофарм Пелистер денес во Битола ќе го има својот втор домашен настап во новата сезона на Европската лига. Во Битола, во салата “Боро Чурлевски“, гостува тимот на Татабања, кој по серијата на лоши резултати, во претходното коло ја впиша првата победа во групата “Д“. Хрватскиот стратег на клупата на пелистерци, Жељко Бабиќ, е свесен за квалитетот на нивниот противник, но најави голема борба и победа за продолжување на позитивната низа.

Новиот тренер на Татабања донесе нова енергија во тимот. Тоа може да се види и во нивните победи во последните натпревари. Можеме да очекуваме еден противник кој игра долг напад, трпеливо, кој има силна надворешна линија која долго време игра заедно. Противник кој е цврст во одбрана, кој добро трча, особено по левата страна и пред сè тим со одличен тренер на клупата. Типичен европски тим. Играчите имаат огромна желба, посветени се, фокусирани и спремни. Во спортот постојат добра форма и моменти во кои исто така работите, но резултатите се различни. За жал кај нас мерило се само резултатите, знам по себе и по другите колеги. Ние сите истоветно работиме, но понекогаш ќе испадне добро, а некогаш не. Задоволни сме и среќни од бодовите освоени на гостински терен, на добар пат сме, имаме добра ситуација и ќе дадеме сè од себе да оствариме победа и да ја продолжиме позитивната низа.

More from СпортMore posts in Спорт »