Press "Enter" to skip to content

Конечно публиката во Битола гледаше релаксиран победнички меѓународен натпревар, а “Чкембари“ порачаа: доаѓа зелена ера (фотогалерија)

Конечно публиката во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, која беше повеќе од 2.000, по којзнае колку време гледаа убедлива победа на Еурофарм Пелистер, во натпревар во кој победата на “пелистерци“ во ниту еден момент не беше загрозена од противникот.Во еден таков натпревар во кој ракометарите одиграа по шема, која на таблата им ја “исцрта“ тренерот Бабиќ, публиката уживаше во сите 60 минути, а на крај не им остана нипто освен со аплауз и песна да им честитаат на ракометарите за победата над Татабања.Посебен шмек на победничката атмосфера им дадоа и “Чкембарите“ кои во еден период покажаа транспарент на кој пишуваше “Доаѓа зелена ера“, како најава дека времето на “зелено-белите“ доаѓа и дека во Битола ќе има уште многу победи на домашна и меѓународна сцена.Посебно симпатично беше традиционалното навивање кое се слушање од двете трибии, “уу-аа“, а тука беа и вообичаниете навивачки песни.Секако, на овој натпревар тука беа поранешните ракометари, бизнисмени, политичари…, а по овие добри резултати, во наредните натпревари публиката ќе ја наполни салата, а како некои рекоа, за дербито со Вардар и следните меѓународни натпревари ќе се бара “карта повеќе“.Победата на “младите“ над Вардар и денешната победа, а по неа и останувањето на најверните навивали во салата и враќањето на “бис“ на ракометрите од соблекувалната повторно на терен, покажува нова енергија во “Боро Чурлевски“.

Текст и фото: С. Ристевски

More from СпортMore posts in Спорт »