Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напад, повреди во сообраќајка, при работа, сообраќајни контроли

На 23.11.2021 во СВР Битола, Б.А. (39) од Битола пријавил дека на 22.11.2021 во околу 23.00 часот во неговиот дом тој и А.Ѓ. (42) биле физички нападнати од неговиот брат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.11.2021 во СВР Битола било пријавено дека во близина на село Маково, при сечење дрва, А.А. (43) од Прилеп се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница во Битола за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа на СВР Битола.   

На 22.11.2021 во 08.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на премин преку железничка пруга кај ул.„Индустриска“ во Битола се случила железничка несреќа помеѓу работна машина на Железници на РСМ, која сообраќала на релација Богомила – Битола и патничко моторно возило „пежо 206“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 35 годишна жена  од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници од возилото, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

На 22.11.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 14 мерки и тоа 9 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 5 за пречекорување на максималната дозволена брзина надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.