Press "Enter" to skip to content

Амбасадорот на Руската федерација во посета на Општина Битола

Амбасадорот на Руската федерација н.е. Сергеј Баздникин, заедно со неговиот советник за економски прашања, денес ја посетија општина Битола, каде имаа средба со градоначалникот на општината, Тони Коњановски.

На средбата, градоначалникот Коњановски ја образложи својата визија за следниот четиригодишен период, ставајќи главен акцент на приоритетните проекти на оваа локална самоуправа, почнувајќи од создавање подобри услови за стопанствениците, привлекување инвестиции и подобрување на економската состојба на граѓаните, како и проектите за изградба на нова противпожарна единица и спортски комплекс, но и планираните вложувања во инфруструктурата и здравата животна средина.

Амбасадорот Баздникин информираше за поддршката и отвореноста за соработка на Руската федерација на државно ниво, во делот на здравствената заштита и имунизација на населението, како и за големиот напредок во врска со трговската размена помеѓу двете земји.

Како можност за идна соработка и на локално ниво, беше наведен земјоделскиот сектор, дигитализацијата на услугите, економската сфера, како и унапредување на веќе воспоставената комуникација во образованието и културата.

На работниот состанок, беше констатирано дека, со оглед на културно – историските и природни богатства кои ги поседува Битола, особено значајно е унапредувањето на туризмот, а преку добра туристичка понуда и поголемо задржување на туристите во градот.

More from ВестиMore posts in Вести »