Press "Enter" to skip to content

Бабиќ и Божиќ-Павлетиќ: одигравме на високо ниво и победата е заслужена

На официјалната прес-конференција по завршувањето на натпреварот во Битола од 4. коло од ЕХФ Европската лига, екипата на Еурофарм Пелистер ја забележа втората победа, а тренерот Жељко Бабиќ и Јосип Божиќ-Павлетиќ беа задоволни од пебедата и од тоа како е дојдена до неа.

По мечот Жељко Бабиќ изрази задоволство од нивото на игра кое го прикажаа неговите ракометари на оваа средба.-Најпрво би сакал да изразам сочувство за сите погодени од несреќата која и се случи на Македонија. Што се однесува на натпреварот, ние добро ги искористивме сите нивни проблеми. Тие беа уморни и се покажа дека тоа влијаеше на нивниот настап. Воедно сакам да им се заблагодарам на моите играчи на одличниот ангажман и желба. Навистина одиграа на неверојатно ниво и на крај мислам дека победивме повеќе од тоа што очекувавме, рече хрватскиот стратег.

Пред медиумите зборуваше и Јосип Божиќ-Павлетиќ кој го заврши мечот со два постигнати гола.-Ова беше навистина тежок ден за Македонија, сакам и јас со екипата да изразам сочувство за семејствата на загинатите во трагедијата. Сметам дека на овој тежок ден, успеавме публиката во Битола да ја кренеме со победата. Одигравме перфектен натпревар од почетокот до крајот. Бевме максимално сконцентрирани и знаевме дека ќе дојдат нашите пет минути. Одлично се подготвивме за дуелот, ги знаевме предностите и недостатоците на Татабања. Особено ни е мило што ги израдувавме навивачите и сите луѓе во Битола.

Пелистерци сега, по трите натпреаври без пораз се на првата позиција на табелата, а за една недела Еурофарм Пелистер ќе му гостува на Спортинг.

More from СпортMore posts in Спорт »