Press "Enter" to skip to content

Во Битола нови 41 позитивни на ковид-19, оздравени 27, активни 685 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени се 2.939 тестирања, а регистрирани се 442 нови случаи на КОВИД-19, од нив од Битола се 41.

Регистрирани сe 373 оздравени пациенти, од Битола се 27.

До сега во Битола има 8.447  лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а актовни се 685 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 69 и преку “Плодност“ 51 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.456.023 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 213.307, бројот на оздравени пациенти е 197.493, на починати е 7.474, а бројот на активни случаи изнесува 8.339.

More from ВестиMore posts in Вести »