Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: во бунар во Кукуречани пронајдено тело на 55 годишник, татко физички нападнал ќерка, три лица приведени за напад на комшија, сообраќајни контроли

На 23.11.2021 во СВР Битола било пријавено дека во  бунар во село Кукуречани било пронајдено телото на Б.М. на возраст од 55 години од село Кукуречани. Телото било извлечено од екипа на Територијалната противпожарна единица, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа на СВР Битола.

На 23.11.2021 во СВР Битола, 21 годишна девојка од  Битола пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот татко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.11.2021 во 11.30 часот во с.Кравари, битолско, полициски службеници од СВР Битола  лишиле од слобода три лица на возраст о 29, 36 и 28 години, сите од село Кравари, затоа што физички го нападнале нивниот сосед на возраст од 62 години. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.11.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 22 мерки и тоа 15 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 7 за пречекорување на максималната дозволена брзина надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »