Press "Enter" to skip to content

Во Битола нови 41 позитивни на ковид-19, оздравени 50, починати 2 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 2.708 тестирања, а регистрирани се 473 нови случаи на КОВИД-19, од нив од Битола се 41.

Регистрирани сe 505 оздравени пациенти, од нив од Битола се 50.

До сега во Битола има 8.488 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 673 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица, две починати лица се од Битола на 77 и 79 години.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 67 и преку “Плодност“ 55 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.458.731 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 213.779, бројот на оздравени пациенти е 197.998, на починати е 7.492, а бројот на активни случаи изнесува 8.289.

More from ВестиMore posts in Вести »