Press "Enter" to skip to content

Симона Наумовска – нов студентски лидер на УКЛО (фото)

На  Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола успешно заврши изборот на Претседател и членови на раководството на Универзитетското студентско собрание. Симона Наумовска, редовен студент на  Ветеринарниот факултет со тајно гласање избрана е за лидер на студентите на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола. Спроведената процедура за конституирање на Универзитетското студентско собрание на УКЛО (УСС УКЛО) се однесува на мандатниот период 2021/2022 година. Во ова студенско тело на УКЛО членуваат по два претставници – студенти од  студентските собранија на единциите на УКЛО.  Во согласност со Законот за високото образовани, Статутот на УКЛО и Статутот на УСС УКЛО на УКЛО констатирано е дека изборот на Претседател и членови на раководството на Универзитетското студентско собрание заврши успешно.Новоизбраниот лидер на студентите на УКЛО, Симона Наумовска истакна дека со членовите на раководството на УСС и студентите на УКЛО ќе се реализира Програма за работа што треба да овозможи поддршка и помош за студентите, но и нивна поголема активност и учество во проекти.

Со изборот на Симона Наумовска за студентски лидер на УКЛО на тајно гласање од  три утврдени кандидатки,  на УКЛО уште еднаш се афирмираа базичното начело на еднаквост, со што УКЛО  се вбројува меѓу универзитетите чија цел, меѓу другото е постигнување на вистинска родова еднаквост. Претходно, функцијата студентски лидер на УКЛО во два наврати ја извршуваше Дона Петрова од Правниот факултет. По изборот на претседател на УСС УКЛО, се конституираа Извршениот и Надзорениот орган како тела на УСС, а исто така преку процедура на тајно гласање избрани се три преставници во Сенатот на Универзитетот, еден претставник во Ректорската управа и двајца преставници во Комисијата за самоевалуација на УКЛО. 

На седницата е донесена одлука за спроведување законска процедура за избор и на Студентски правобранител на УКЛО.

More from ВестиMore posts in Вести »