Press "Enter" to skip to content

“Стрежево“ од Битола го одбележа 43. годишен јубилеј од формирањето, со еколошка акција на акумулацијата

43. годишнина од формирањето на хидросистемот, претпријатието ја одбележа работно – со организирана еколошка акција за чистење на крајбрежниот појас на акумулацијата “Стрежево“, која обезбедува вода за водоснабдување на општините Битола, Новаци и Могила, вода за наводнување на 20 000 хектари земјоделска површина во Пелагонија и вода за РЕК “Битола“.-Денес, на роденденот на претпријатието, истакнуваме дека инвестициите, визијата, човечкиот капацитет, професионалноста, одговорноста и носењето на вистинските одлуки се само дел од придобивките кои беа од суштинско значење за успешна работа и опстојување на “Стрежево“.Не беше лесно да се работи и да се изберат правилните чекори, имаше и периоди на турбуленции и неизвесности, но и здравствена криза, кои и тоа како го отежнуваа стопанисувањето, дополнително со проблемите со кои вообичаено се соочуваме, рече директорот на “Стрежево“, Менде Граматковски.“Стрежево“, успеа до денес да чекори по патот на успехот, со надеж дека по истата патека уште долги години во иднина ќе се надградува и ќе го задржи епитетот на најсовремен Хидросистем во земјава.