На 25.11.2021 во 17.30 часот на ул. „Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 25 и 56 години, двајцата од Битола. При претрес во домот и возилото „мерцедес” на едното лице, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, пари во различни апоени и други предмети кои потекнуваат од кривично дело.
При претресот, неговиот татко ги попречувал полициските службеници во извршување службени дејствија.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.