Во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола се одржа традиционалната 16. (Шеснаесетта) Роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија. Темата на Тркалезната маса беше: “Пишувањето – комуникација со моето небо и другите”.Беа пристигнати 12 текстови од учесниците од Битола, и Скопје меѓу кои Академик Владимир Костов, проф. д-р Христо Петрески, Добре Тодоровски, Академик Зоран Пејковски, Петре Димовски, Ѓорѓи Прчков, Љубе Митрејчевски, Сања Мучкајева-Видановска, Весна Мундишевска-Вељановска, Илче Стојановски, Јован Ѓуровски, Биљана Т. Димко и активно присутен поетот Никола Илијовски.
Текстовите од Средбата се публикувани во 16-тиот Зборник на излагања.