Press "Enter" to skip to content

Во Битола 41 нови позитивни, оздравени 33, починати две лица на 83 и 84 години

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.026 тестирања, а регистрирани се 434 нови случаи на КОВИД-19, од нив од Битола се 41.

Регистриран e 421 оздравен пациент од Битола се 33.

До сега во Битола има 8.531 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 681 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица, 2 починати лица од Битола на 83 и 84 години.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 76 и преку “Плодност“ 48 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.461.757 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 214.213, бројот на оздравени пациенти е 198.419, на починати е 7.511, а бројот на активни случаи изнесува 8.283.