Press "Enter" to skip to content

Гимназијата екипен победник во пинг-понг на општинското првенство

Гимназијата “Јосип Броз Тито“ е екипен победник во машка и женска конкуренција кај средношколците на општинското првенство во пинг-понг.Победник во женска конкуренција е Емилија Ристевска од Медицинското училиште, второпласирана е Теодора Марковска од Горната Гимназија, а на трето место е Бојана Костова од Медицинско.Во машка конкуренција победник е Даниел Главевски од Горната Гимназија, а второпласиран е Ѓорѓи Димовски, а на трето место е пласиран Теодор Ралевски.Во машка конкуренција екипно првопалсирана е екипата на Гимназијата, на второ место е “Таки Даскало“, а на трето место е Економското училиште.Во женска конкуренција првопласирана е Горната Гимназија, а на второ место средното медицинско “Јован Калаузи“.

Д.Ристевска