Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Денес, сабота, 27 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 13 степени.

Утре, недела, 28 ноември, во Битола, времето ќе биде променливо облачно, попладне со врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и поројни. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 14 степени.