Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: предијабетес и дијабет

Низ  разговори со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“, информираме за кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети  за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне на предијабетес и дијабет, за што вели:-Предијабетес претставува состојба која му претходи на развивање на дијабетес или шеќерна болест. Шеќерната болест ја карактеризираат замор, жед, зголемена потреба од храна и зголемено мокрење. Лабораториски најзначајно е определување на гликемијата на гладно како и одредување на гликолизиран хемоглобин HBA1C. 70%од луѓето со предијабетес развиваат дијабетес кој е ризик фактор за понатамошни кардиоваскуларни заболувања (ICV, AIM, ретинопатија, дијабетска нефропатија, периферна оклузивна болест итн.).

Лицата со предијабетес можи да го спречат или одложат развојот на дијабетес преку зголемена физичка активност редовно вежбање, редукција на висококалорична храна замена на црвено месо и тестенини со нискокалорични масти јогурт, легуминози, риба, редукција на газирани засладени пијалоци, рафинирани шеќери со редукција на телесна тежина која влијае на зголемување на чувствителноста кон инсулин.

More from СоветиMore posts in Совети »