Press "Enter" to skip to content

Промовирана збирката “Хорското творештво на Љубомир Трифуновски“ (фотогалерија)

Вечерва во малата сала на Центарот за култура во Битола беше промовирана зборката “Хорското творештво на Љубомир Труфуновски, се одржа и мини концерт на младинскиот женски хор на КУД “Стив Наумов“ и беше прикажан и видео материјал од еден од концертите на мешаниот хор.На настанот присуствуваше градоначалникот на Битола Тони Коњановски, Владиката Петар, а на присутните им се обрати директорката на Центарот за култура во Битола, Маја Андоновска Илиевски која на Труфуновски му го честита ова печатено музичко издание кои е прво кај нас и ќе биде почетна лектира за сите женски хорови.Пред да започне промоцијата на гостите им се обрати и Љубо Трифуновски, кој зборуваше за делото, и како додје на идеја да го стави на хартија неговото хорско творештво.-Немавме композиции за женски хорови, бидејќи и ги нема како такви па затоа морав сам да се снаоѓам. Сам ги подтотвував аражманите, а сите тие беа запишани на хартија, но благодарение на Веселинка Маџарова сега се во едно издание кое е прво од ваков вид не само кај нас. Се надевам дека ќе наиде на голем интерес кај сите кои се занимаат со женско хорско пеење. Тука има околу шеесетина композиции од секаков вид, рече Труфуновски.Промотор на оваа книга беше професорот Кирил Петков кој рече дека му е мило што тој е промотор на ова вредно издание на неговиот пријател Љубо и додаде:-Љубо Трифуновски е неодминливо име на битолската музика, кој секогаш беше на вистинското место. Со хорот “Стив Наумов“ направи нешто што во Македонија никој друг не успеа, а имашеразни хорови и обиди да се направи, меѓутоа Љубо имаше дарба да ги направи овие сите работи. Стотици, можеби илјадници концерти, низ цел свет присутен, а пејачите ги намести на место каде можат да докажат колку вредат, а и тој со нив. Книгата која ја промовирам имам чест прв да ја отворам и морам да ви кажам дека ми беше многу убаво. Тука се песните кои во македонската музика имаат посебни места. Тој со свој збор дел од нив има сработено и испеани, но има собрано и други песни. Оваа книга ќе биде долго време присутна зошто Љубо е внесен во неа. Ги испеал и аранжирал песните и со тоа ја дополнал песнат која ја има испеано народот, а со тоа уше долго ќе се пеат. Не може тука да ја искажеме неговата дејност, но времето тоа за него ќе го каже.Вториот промотор професор Веселинка Маџарова рече:-Особена чест ми е да зборувам за еден голем човек од Битола, а сум и промотор на оваа книга, а тоа го прифатев со голема одговорност. Јас имам дестски хор и заедно настапивме на еден фестивал и така се запознавме. Во оваа книга има 54 композиции кои се распределени три делови, хорски композиции за детски и женски хорови, во вториот дел композиции за машки хор и во третиот дел има композиции за мешан хор.Женскиот младински хор, “засилен“ со дел од женскиот хор исполни неколку песни под диригенство на Љубо Труфуновски.