Ноќниот клуб “Расчекор“ од Битола синоќа со голема забава го одбележа својот јубилеј, 30 години од отварањето од 27 ноември 1991 кога за прв пат клубот ги отвори вратите, прво за битолчани, а потоа и пошироко. Како одминуваше времето овој клуб од Битола останува во колективната меморија на илјадници битолчани од повеќе генерации. “Расчекор“, како многумина го знаат и како бренд за добра забава, тоа го докажа и со оваа свечена забава по повод големиот јубилеј. Сите овие години ноќниот клуб “Расчекор“ значел добар провод и забава, по што овој клуб е препознатлив. Вообичаено сите години наназад битолчани продолжуваат со забава по 11 часот во “Расчекор“ било да е излегување во кафуле или после други прослави.
На забавата присутни голем број битолчани, но и од други градови од Македонија, за да го честитаат јубилејот. Низ разговорите голем дел од нив се враќаа во годините наназад присетувајќи се на убави моменти, поминати тука, флертување, вљубување….
Златко Самарџиев, кои битолчани го знаат само како Кекел, е од самиот ден на отворањето на клубот, а вчера не можеше да ги скрие емоциите и ни рече:
-Од првиот ден кога се отвори ‘Расчекор“, а и пред тоа, и за овие 30 години сум со Марио и Игор. Заедно бевме во кафулината “ММ“ и “2Ф“ и ги поддржав во идејата и во реализацијата за отворањето во нивната семејна куќа. Со нив бев и кога е донесена одлуката кој ден да се отвори и одма да кажам дека не згрешив, а тоа се докажа и се докажува. 30 години значи многу, во работен стаж скоро до пензија, не дај Боже “Расчекор“ да оди во пензија, да затвори. 30 години “Расчекор“ растеше и стануваше посигурен и постабилен бренд за забава, не само за Битола, туку за Македонија и за соседството. Нема некој кој го има сретнато, кога ќе го прашам за Битола, вели прво “Расчекор“. А, кога ќе им кажам дека јас работев тука од почетокот и првата постава поголемо е моето задоволство. Друго се е кажано, напишано, сликано, доживеано, а сакам само да им порачам, Господ да ги поживее Игор и Марио и да се среќаваме барем секој викенд.
Синоќа сите со желби да се продолжи и понатаму уште 30 години со иста енергија. Оние кои доаѓаат од првиот ден на отварањето со посебно чувство дека времето брзо поминува, но душата со истиот младешки жар, како и пред 30 години. Тоа се доживува можеби само тука каде времето е релативен поим, а ноќниот клуб “Расчекор“ временска машина каде поминале многу генерации, но ќе поминуваат уште многу во годините понатаму.
Клубот не би бил она што е, без персоналот кој трае долго како и “Расчекор“. Покрај Кекело тука беше Квантасо, Палашо, Боби, Љубо, Темелот, а некои се пофалија со долг стаж. Џими со 22 години, Роберт со 17, Темело со 11… но во оваа постава најмногу стаж има Синиша, кој тука е 24 години, кој немаше зборови како да го опише своето работење тука.
-Само ќе ја кажам годината кога започнав да работам тука, 1997 и се ви кажува тоа. Немам зборови за како поминав и како поминувавме во “Расчекор“, сите заедно, гости, персонал, газди… За Марио и Игор можам само да кажам едно и не зборувам повеќе. Тие ми се како втори мајка и татко, вели Синиша кој синоќа ја имаше, како и целиот клуб истата енергија како и на почетокот, а Боби и Џими само дополнаа:
-Не книга, туку цели томови и филмови со безкрајна лента можат да се напишат и снимаат тука. Толку многу има случки, анегдоти, но и моменти на тага, но ние сме тука заедно сите и се надеваме дека сите сме дел од она што ќе го имаат битолчани како колективна меморија, не само сега кога прославуваме, туку и за некои идни години кога како и денес ќе се раскажуваат легендарни мајтапи за некои битолски легенди, кои се надеваме дека ќе живеат колку и “Расчекор“ и после нас.
Во “Расчекор“ се славеле годишнини, јубилеи, деловни успеси, бизнис договори. Тука секогаш подготвен да направи добра забава е и ди-џеј Зоре, за кој дел од оние кои се долги години тука и биле дел од незаборавните забави кој тој помогнал да се направат ќе кажат:
-Тука гостувале многи музички ѕвезди, забава правеле ди-џеи од Солун, Белград, Загреб, Скопје, од секаде, но според мене најубави забави сме направиле со Зоре, кој секогаш е со гостите, ги следи, знае што сакаат и како да се забавуваат. Некои ди-џеи ја прекинале забавата, некои не ја погодиле музиката, се се има случено, имало секако и добри забави со нив, но со нашиот Зоре секогаш е полн погодок и забава до крај, да не им се оди дома на гостите, вели Темело кој долги години работеше во “Расчекор“ и добро ги познава приликите.
Секако тука секогаш биле спортистите кои тука ги славеле победите и титулите, а некои и тагувале за поразите.
Ракометарот Бранче Ангелевски кој заедно со сопругата и неговото друштво беше на синоќешната забава и ни рече:
-Тука започнав да доаѓам во 1994 година, од денот кога се отвораше летната тераса, што тогаш беше атракција за многумина не само во Битола, туку доаѓаа и од подалеку да видат и да бидат видени. Мене лично ми е пријатно тука без разлика во кој период сум доаѓал и по кој повод. Ова ќе го потврдам само со едно, кога изгубивме од Пелистер 10 гола разлика, јас играв за Вардар, секако не е убав ден. Но, и покрај тоа по натпреварот дојдов тука и се чувствував пријатно. Ова не го имам кажано досега, но сега е приликата да го кажам и да им посакам на Марио и Игор уште многу родендени и многу успеси, но и нешто друго, да го задржат нивниот победнички дух, и да бидат на врвот на листата на ноќните клубови.
-Не сум тука редовен гостин, но секгаш сум среќна кога сум тука, во мојата Битола, во “Расчекор“ или во “Пајтон“. Живеам во Скопје, доаѓам редовно во Битола, да бидам искрена имав заборавено за роденденот, а сум била на повеќе од нив. Веднаш се организиравме и еве сме тука цело друштво, одлично се забавуваме, а на “Расчекор“ уште многу забави, ни рече Ана.
Сопствениците Игор и Марио беа како и секогаш посветени на гостите, секого го испочитуваа и им обрнаа внимание, а само ни порачаа вечерва е голем ден за сите, ние сме тука за гостите, а тие имаат предност оваа вечер, да им ја посветиме ним оваа вечер, ние доста кажувавме.
Не успеавме ни да го најдеме и менаџерот Томе Цирун, кој веќе 12 години е тука во “Расчекор“ а синоќа и покрај тоа што имаше беспрекорна организација, отежната поради ковид мерките беше невидлив, ненаметлив и крајно професионален. Посветен на клубот и гостите, со должно извинување кои ни го упати, го оставивме да работи, но оставивме со него да разговараме во друга прилика.
Забавата дополнета со ди-џеи и жива свирка организирана во согласност со мерките за ковид со блиски личности, пријатели, деловни партнери голем дел кои доаѓале од првиот ден, кои растеле со ноќен клуб „Расчекор“. Забава со која достојно се одбележа овој голем јубилеј. Забава со која уште еднаш, по кој знае кој илјадити пат Расчекор“ покажа дека е на прво место како бредн за ноќен живот.

30 години ноќен клуб “Расчекор“ одбележани со емоции, носталгија и голема забава (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Сумнал“ продолжува со образование на возрасни за маргинализирани групи, овој пат со проектот “AE4WOMEN“
- Еурофарм Пелистер со завршна свеченост ја заврши годинашната сезона и најави нова, поуспешна во Лига на шампионите (фотогалерија)
- ЈКП “Водовод“ Битола: ставена е во функција фонтаната по кражбата на одредени делови
- Трибината на СДСМ во Битола на тема “Резултати што прават разлика“ (фото)
- 20. по ред семинарот за реален аикидо “Битола опен“ одржан во Будо центарот “Пелистер“ во Битола (фото)
More from ЗабаваMore posts in Забава »