Press "Enter" to skip to content

Во Битола 33 нови позитивни, 52 оздравени и 5 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени се 2.547 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19, од нив од Битола се 33.

Регистрирани сe 309 оздравени пациенти од Битола се 52 пациенти.

До сега во Битола има 8.604 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 668 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 19 починати лица, 5 починати лица од Битола на возраст од 59, 69, 79, 8о и 86 години, починати во болнички услови.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 82, и преку “Плодност“ 48 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.467.751 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.009, бројот на оздравени пациенти е 199.064, на починати е 7.547, а бројот на активни случаи изнесува 8.398.