Press "Enter" to skip to content

Денес протест и марш, утре протест со автомобили, се бара целосно укинување на мерките и дискриминирачкиот однос

Денес, како и беше најавено, на “Магнолија“ во Битола се одржа протест против новите мерки и “присилната“ вакцинација, а беше побарано и целосно укинување на мерките и дискриминирачкиит однос кон граѓаните.

За тоа што Владата не ги усвои предложените антиковид мерки од Комисијата за заразни болести на последната седница и и побара дополнителни анализи и компаративни студии за нив, Игор Петковски рече:

-Ние ги имаме примено сите вакцини и затоа не сме против вакцинирањето, туку сме против начинот на вакцинирање. Слободна волја е на секој сам да одлучува дали ќе се вакцинира или не, а не со присила. Односно секој да има време да ги води продобивките или последиците од вакцините и сам да одлучи, но кога за тоа ќе има официјални валидни извештати. По најавените нови мерки кои се однесуваа за администрацијата, односно сам да ги плаќаат ПЦР тестовите, сите синдикати, односно синдикалните претставници и јас како еден од нив, бурно реагиравме, видоа дека против народ не можат ништо, видоа дека создаваат поголема криза. Треба да се слуша гласот на народот, на народот кој не мисли на пари, на ништо друго освен на личната слобода, на својата заштита. -Некој ни се придружуваат, некои стојат скриени, а нашата цел е да ги разбудиме, да ги поттикмене да излезат, да ги поттикнеме да се борам за своите права бидејки сме дискиминирани по сите човечки основи. Но сакаме и да ги разбудиме и оние институции кои треба да не поддржат, рече Александра Скерлевска.

За утре во 18 часот најавија протестен марш со автомобили низ Битола кој ќе започне на паркингот кај новиот пазар, а ќе продолжат и со протестите секоја недела на “Магнолија“.