Press "Enter" to skip to content

Денови пред 10 години: состанок и донаторска забава на Ротари клубот од Битола (фото)

-Ротаријанството од поодамна, скоро еден век, како идеја и на дело е присутно во Битола, а јас како повоздрасен граѓанин и за цел мој работен век вклучен во многу настани и случки, се имам наслушано за некои озборувања и квалификации на битолчани кои биле дел од таа идеја и се претпоставувало за тоа, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.

Миновски овој пат се осврнува на Ротари клубот од Битола кој е дел од меѓународната сервисна организација, која, како вели е формирана е во 1905 година во САД од адвокатот Пол Харис, а денес Ротари Интернационал има 35.000 клубови насекаде низ светот со 1,2 милиони членови.-Според некои информации со кои сум дошол Ротари во Битола е уште од далечната 1935 год. со формирањето на Ротари клуб Битола официјано бил чартерован во 1935 година и броел 18 членови, најистакнати луѓе од Битола, а прв (чартер) претседател бил Таса Тасиќ, а состаноците се одржувале во тогашниот битолски хотел “Јевтиќ” , вели Миновски и додава:

-Во 2011 година Ротари клубот од Битола го водеше односно претседател беше сегашниот проректор на УКЛО, проф. д-р Игор Нелелковски, кој не покани како новинари на нивниот состанок во хотел “Капри“, каде тој се обрати, по што следуваше и ротаријанската донаторска забава. Ние тогаш не видовме ништо мистично, но мистиката за ова движење и понатаму останува.Инаку по згаснувањето на клубот за време на Втората светска војна, во 1998 година проф. Глигор Каневче и неколку други го формираа клубот, а прв (чартер) претседател на клубот беше професорот Глигор Каневче. Ротари клуб Битола, континуирано делува за подобрување на условите во заедницата во Битола, а последната е уредувањето и реставрацијата на чешмата кај Офицерски.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »