Press "Enter" to skip to content

Пелистер останува без победа, реми без голови во Битола, со само 5 бода досега (фотогалерија)

Пелистер  – Скопје 0:0

Екипата на Пелистер не успеа да победи во 15. коло и понатаму останува без победа во Првата македонска фудбалска лига, по одиграните 0:0 под Тумбекафе со екипата на Скопје, во натпревар со грешки, неефективен фудбал и прекини.Во првиот дел малку удари кон головите. Јашароски од слободен удар за Скопје, Размоски, за Пелистер упартоја удари кон голманите, а само офсајдот на Маневски беше ситуација од која можеше да профитира Пелистер.И во вториот дел се продолжи со недпадлива игра од двата тима, но сепак “пелистерци“ беа поактивни. Шанси за гол имаше бразилскиот фудбалер Јуфо. На крајот по реакциите на стручниот штаб двајца добија жолти картони.Пелистер по 15 одиграни кола има пет бода на контото, а во следното коло битолчани гостуваат кај Шкендија.

More from ВестиMore posts in Вести »