Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Денес, понеделник, 29 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 10 степени.

Утре, вторник, 30 ноември, во Битола, времето ќе биде наутро облачно и студено со врнежи, со можно провејување на снег. Уште во текот на претпладнето врнежите постепено ќе престануваат, а попладне ќе настапи разведрување. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 5 степени.