Press "Enter" to skip to content

Во Битола 5 нови позитивни, оздравени 37, починато едно лице, активни 635 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 1.245 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на КОВИД-19 од Битола се 5.

Регистрирани сe 396 оздравени пациенти од Битола се 37.

До сега во Битола има 8.609 лица кои биле или се позитни на ковид-19, а активни се 635 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 18 починати лица, едно починато лице од Битола на 81 години, починато во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.468.996 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.125, бројот на оздравени пациенти е 199.460, на починати е 7.569, а бројот на активни случаи изнесува 8.096.