Во организација на Сојузот за училишен спорт од Битола, во спортската сала во Економското училиште во Битола, се одржа општински натпревар во пинг-понг за основни училишта во женска и машка конкуренција, по одржаните натпревари во училиштата.Во натпреварите во женска конкуренција во која учество зедоа 7 училишта од зона Битола, регион запад, во екипна конкуренција ообедник е ОУ “Климент Охридски“, второпласирано е ОУ “Тодор Ангелевски“ и на трето место е ОУ “Даме Груев“. Во поединечна конкуренција на прво место е Миа Димовска од ОУ “Даме Груев“, на второ место е Марија Стојановска од ОУ “Тодор Ангелевски“ и на трето место Ева Стефановски од ОУ “Климент Охридски“.
Во машка конкуренција учество зедоа 9 училишта од зона Битола, регион запад, во екипна конкуренција на прво место ОУ “Славко Лумбарковски“, на второ место е ОУ “Трифун Пановски“ и на трето место ОУ “Коле Канински“. Во поединечна конкуренција првопласиран е Филип Ангела од ОУ “Климент Охридски“, второплсиран е Дарко Китановски од ОУ “Коле Канински“ и на трето место Христијан Илиевски од ОУ “Славко Лумбарковски“.

Миа Димовска и Филип Ангела победници на општинскиот натпревар во понг-понг за основци (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Делегација од израелскиот град Бат Јам кај градоначалникот Коњановски
- Андреј Гулабовски нов претседател на Локалниот клуб на СДММ во Битола
- СВР Битола: одземена платежна картичка и повлечени пари и оштетување на две патнички возила
- Денес стартува 50. Струшки ракометен турнир, Еурофарм Пелистер отвора против Струга
- Денес на “Бит фест“ 12. издание на “Незаборав“
More from СпортMore posts in Спорт »
- Денес стартува 50. Струшки ракометен турнир, Еурофарм Пелистер отвора против Струга
- Жарко Пешевски: секој битолчанец е подготвен да го бодри Еурофарм Пелистер
- Четворица планинари од Битола “освоија“ три врвови над 4.000 метри во Италија (фото)
- Битолчанецот Вангел Алтипармаковски промовиран во нов тренер на Ховд Вестерн во Монголија
- Тунискиот репрезентативец, левиот бек, Мохамед Суси, ново засилување во Битола