Press "Enter" to skip to content

Протест со автомобили низ Битола против “присилната“ вакцинацијата и рестриктивните мерки (фото)

Вечерва како и беше вчера најавено се одржа протест со автомобили против “присилната“ вакцинација за заштита од ковид-19, а беше побарано и целосно укинување на мерките и дискриминирачкиот однос кон граѓаните во секој поглед.На протестот кој започна на паркингот кај новиот пазар во Битола беа повторени истите ставови дека тие не се против вакцините, бидејќи и самите имаа примено по десетина вакцини и дека се против начинот на вакцинирање. Слободна волја е на секој сам да одлучува дали ќе се вакцинира или не, а не со присила. Односно секој да има време да ги води продобивките или последиците од вакцините и сам да одлучи, но кога за тоа ќе има официјални валидни извештати. Потоа следуваше и проотест со автомобили низ битолските улици кои заврши на истото место каде и започна.Протестите продолжуваат и понатаму, а според бројот ова е 20. по ред протест против, како што велат, “присилната“ вакцинација, а го закажаа и новиот на “Магнолија“ во недела во 12 часот.