Press "Enter" to skip to content

Универзитетскиот сенат на УКЛО му довери втор мандат на проф. д-р  Пеце Николовски од Економскиот факултет 

На 196 седница на Универзитетскиот сенат, во постапка спроведена според утврдена процедура извршен е избор на Претседател на Универзитетскиот сенат во согласност со Законот за високото образование и Стаутот на Унверзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола. Со тајно гласање сенаторите му доверија втор мандат на проф. д-р  Пеце Николовски од Економскиот факултет – Прилеп, функција што успешно ја извршуваше во претходен период од една година. 

Постапката за избор на Претседател на Сенатот ја спроведе Изборна комисија на која присуствуваа најмалку 2/3 од вкупниот број членови на Сенато. Oд присутните сенатори  тој е едногласно реизбран  на функцијата Претседател на Сенатот на УКЛО. 

На овој начин, на професорот Николовски доверен му е уште еден мандат да биде на чело на највисокиот орган на управување на Универзитетот „Св. Клинет Охридски“ – Битола.

Претседателот на Сенатот е одговорен за законитоста и статутарноста во работењето на Сенатот. Вршењето на должноста Претседател на Сенатот е неспоива со вршење на друга државна функција или функција во политичка партија. 

Инаку, проф. д-р Пеце Николовски е редовен професор Економскиот факултет – Прилеп,  автор е на учебници, книги и учебни помагала за студентите од сите три циклуси на студирање. Негово поле на научна преокупација е  ревизија на финансиски извештаи, финансиска анализа, финансиска контрола и сметководство.