Press "Enter" to skip to content

Битолски омаж за далечните убавини, загадочниот рај на атолите во Малдивскиот архипелаг (фото+видеа)

Шест илјади километри и два авионски прелета со “Туркиш ерлајнз“ од Битола до Скопје до Истанбул и од Истанбул до Мале на Малдивите, ни беа потребни за да стасаме до прочуениот корален архипелаг со над 1.200  острови во оваа егзотична држава сместена во Индискиот океан подолу од Индија. Радозналоста создавана со денови, како ќе биде, што ли ќе биде, какво време не очекува и се друго, започнаа уште од самите височини, кога авионот започна да се спуште од небесната синевина над океанот, а атолите еден по еден се нижеа и срамежливо ѕиркаа од окенските води, онака како што природата со милениумските танци на вулканските ерупции ги нанижала во овој предел.На аеродромот до Мале, главниот град на Малдиви, држава со само двесте населени острови од кои деведесет се со приватни ресорти и околу 380. 000 жители, но со територија од деведесет илјади квадратни километри, не се задржавме. Брзиот глисер целосно ја презеде нашата група и зачудо, од самиот аеродром не ни дадоа багажот да го фатиме. Нашите љубезни домакини од “Тритон“- хотелите на островот Маафуши, се потрудија сé да ни биде угодено и подредено на нашите потреби. Дополнителното изненадување беше што ние ќе бидеме првите гости во новиот “Тритон бич“ хотел, до самиот брег и сите соби со поглед на море. За хотелското сместување, процедурите траеја кратко, со традиционален егзотичен сок, а потоа сите сесместивме во своите соби на новиот комплекс.

Утринско ноктурно на Малдивскиот архипелаг

Првиот ден на плажата во Маафуши

“Бикини бич“ е плажа каде што се бањаат и дружат гостите од хотелските комплекси, а не имаше претежно од Европскиот континент- Македонци, Срби, Хрвати, Руси, Полјаци и други. Од нашиот хотел плажата е оддалечена само на три минути и не ни беше тешко да стасаме до таму со крпите што ги добивме на рецепција. При тоа, пред многубројните дуќани со украси, егзотични овоштија и сé друго во една силна туристичка понуда, домицилното население љубезни и насмеани, од срце не поздравуваа знаејќи дека во наредните денови кај нив ќе оставиме рупии или долари, зашто ништо не беше прескапо. А пред плажата, безброј кафетерии, летни бавчи оградени со палми и волшебни растенија, податливи за морска храна и езготични безалкохолни пијалоци, зашто алкохолот таму е забранет.

На плажата, повторно изненадување. Нашиот хотелски организатор, веќе не чекаше да ни организира лежалки, а две најмени момчиња од некоја околна држава, Рики и Џон (никогаш не дознавме како вистински се викаат), тука беа од култниот “Октопус“ да ни носат коктели, сокови, егзотични овошни салати и се друго што ќе посакаме, според наш стандард за пристојни цени. Таму се запознав со прекрасниот папагал  ара кого го викаа Роџер, а тој ми искажа доверба ими долета на рака. Затоа го наградив со манго од егзотичната салата.Надвор 32 степени целзиусови од утро до мрак, а водата 28 степени. Идеално за бањање. Дури, на една огромна палма која надвисунуваше над самата плажа, беше обесена една крлешка. Си помислив, зошто ја наместиле, но сопругата не мислеше така и рече дека дење а и навечер, тука можат да се направат прекрасни фотографии. Потаму беше марината со скутери, глисери и можности за брзброј водени лудории со чамци, скутери, падобрани итн. Но, ние си имавме своја програма што ја имаше осмислено нашиот водач Марјан од “Џангл травел“. Денот го поминавме со вкусен октопод за ручек, а вечерата со “шведски стол“ во хотелот, главно според нивната кујна.

Ноќни моменти за “Бикини бич“

Потоа вечерна прошетка, обеземени со контрастите на окенаските ноќни бои, но и со џагорот меѓу тесните улички и силно осветлените дуќанчиња и по некој маркет. Ноќните фотки со огромните можности на “ајфонот“, создадоа зачудувачка убавина во играта на светлата и сенките, кои тивко и несетно се губеа во бескрајот на океанот заедно со шумолењата на брановите и нивниот ритмички спокој.

Почеток на авантурите

Ново утро и силна сончевина со наплив на утрински топлини го обзедоа пределот на домицилната плажа. Хотелските вертикали ни го откриваат пејсажот во кој како мравки обвиткани во бурки и држејќи сунгерести црева за одржување на вода, тамошните жени полека лазат кон плажата заедно со дробните деца, чиј џагор ја оддава радоста за утринско бањање. Исламскиот конзерватизам и обичаи, што полека се мешаат со впечатокот на боите од расцутените дрва и безброј егзотични цвеќиња како дар на оваа волшебна природа, ни ги носат мислите кон неразгатните тајни на обичаите и природата. 

Желките под вода изгледаа помали

Потоа доручек и групата полека се подготвува за почеток на авантурите. Во сестринскиот хотел, земаме опрема за нуркање- очила, перки и елеци. Од таму, пешки се упатуваме до пристаништето каде не сместуваат во едно бротче, а капетанот и неговиот тим ни навестуваат дека не очекува едночасовно патување до нереалниот корален гребен на островот Byаdahoo и како што ни беше речено, еден од најживописните.

Се започна со three- point snorkeling, а по овошното освежување следеше вистинско соочување со окенските длабочини и нуркање со подводни желки и манта- ражи. Вештите домицилни пливачи достојни и на карипските нуркачи, ни покажуваа, не водеа и не снимаа, записите да ни останат како траен спомен. Кога се вративме на Маафуши, веќе добро запознаени меѓу себе, ја почнавме нашата дружба со многу шеги и ноќно журкање со прекрасната музика на тамошните трубадури со стајлинг небаре се од Јамајка, но и со прекрасно музицирање на регето од Боб Марли и некој чуден домицилен блуз, кој се лепи на душата.

По нешто од другите авантури

Одењето на островот Fulidhoo, некако од почетокот го доживував со скепса поради најавата дека ќе нуркаме со ражи, потсетувајќи се на големиот авантурист Стив, кој скокакше со крокодили и анаконди, а на крај загина од ража. На островот имавме пристап само до брегот, а екипата на капетанот започна да фрла крвави парчиња риба, па ражите и една ајкула веднаш започнаа да јадат и да ни се плеткаат околу нозете од радозналост. Очигледно, биле навикнати на луѓе. Нуркањето со делфините не беше адреналинско зашто беа поголема група и сите во парови, па едноставно не одминаа, веројатно итајќи по храна.Следниот предизвик беше песечниот насип Sandbank каде не дочека зајдисонце, а прекрасната плажа и мирната вода силно не мамеше за едно релаксирачко пливање. Вечерата ја дочекавме со логорски оган, и морјаците од бродот во песокта направија еден огромен кит- ајкула.

Изненадувачки, од нигде никаде на малото островче се појави едно маче, кое некој пред половина година таму го оставил. Никако не сакало да го земат. Се прашавме, како се храни и вода од каде пие? Се гостело со малите ракчиња што ноќе лазат по коралниот гребен , а вода секогаш имало од внежите.

Следна авантура беше ноќното рибарење, за многу мина од групата, прво искуство. Ни рекоа, сé што ќе уловите ќе биде приготвено за вечера. Местото, меѓу два острова, имало подводна струја и од тука минувале повеќе јата риби, а ние полни со надеж, ги фрлавме јадиците со мамци од парчиња риба според упатствата, очекувајќи некоја скуша или друга голема риба. Почетниците, како по обичај фатија по неколку мали риби, а искусните рибари речиси ништо. За утеха, кога се вративме на Маафуши, не чекаше богата вечера со печени морски риби, па прв пат се напивме и “Хајнекен“, се рабира,  од оној без алкохол.Другиот ден, нуркањето за разглед на корали беше гола вода спрема она што не очекуваше следните денови, меѓутоа цели колонии создаваа една прекрасна глетка за незаборав, а водата во тие моменти беше неверојатно топла.

Чесна дружба со ајкули

Тоа претпладне сите бевме молчеливи и додека одевме на пристаниште, цврсто ја држевме опремата за нуркање. Тоа беше “Денот- Д“ за соочување со ајклуите. Колку да не убедуваа дека не напаѓаат луѓе, како да бевме во адреналински шок. По половиона час откако стасавме на ајкулското врталиште, најпрвин скокнаа екипажот од бродот, кој со парчиња риби да ги намамува ајкулите, кој со подводни камери. Најодважните од групата, Бобан од Гостивар, Баже психијатарот од Скопје и неколку жени, меѓу кои и мојата, почнаа да скокаат во средиштето на јатото. Гледам и очите не ми веруваат?! Ајкулите доаѓаат од радозналост, некаде ќе има и допир со телото по нечии нозе, но нема агресивност. Се е во некаква хармонија и спокојство.

Си реков, скокам и јас, меѓутоа без појас и перки, само со очила, за да не се каам после цел живот, што сум пропуштил. Се вртеа оклу мене, а еден од морјаците на мене ми наведе три ајкули за да ме сними. На неколку пати го осетив допирот со рапава кожа. Меѓутоа, еден од најодважните во групата, психијатарот Баже, некако се исплаши и кутриот испаничен почна да бега, ама објективот на камерата ги фати тие моменти, што во наредните денови ни послужи за големи шеги.Рајскиот остров Малахуда куда бандас ќе го паметиме по бујната вегетација и прекрасните плажи. За да  поминеме еден ден таму, си плативме по уште 120 долари во  “Fihalhohi Island Resort“. Мераклиите за пијачка, таму си дојдоа по своето. По шанковите се точеше од виски до пиво и разни коктели, се изнапливавме, а богатата трпеза за мене беше лимитирачка зашто доминираа карито и другите зачини слични на индиската кујна. Овошјето, сепак, надомести сé.

Ноќен разглед на Мале и пат Малдиви виа Истанбул

Бидејќи како почнавме така и завршивме, куфер во рака не фативме, а ни рекоа дека багажот ќе не чека на аеродром. Од Маафуши за половина час возење со брод не однесоа на ноќен разглед во престолнината Мале. Резиденцијалната пртетседателска палата, Националниот парк и сите други знаменитости создадоа впечаток дека овој град со над сто илјади жители е во брз развој.За нашата група, интересен беше овошниот пазар од каде многу мина за дома си купија манго, гуава, гренадила, маракуа, папаја и којзнае уште што. Потоа дојде време за заминување со срдечни поздрави од домакините, кои искрено и професионално се погрижија да не дочекаат и испратат, достојно за овој рај на земјината топка вгнезден во атолите на Малдивскиот архипелаг.

More from ВестиMore posts in Вести »