Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на КОВИД-19, од нив од Битола се 45.
Регистрирани сe 543 оздравени пациенти од Битола се 54.
Во Битола има 8.654 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 623 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица, две починати лица од Битола на 66 и 83 години, починати во болнички услови.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 65 и преку “Плодност“ 40 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.471.420 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.585, бројот на оздравени пациенти е 200.003, на починати е 7.581, а бројот на активни случаи изнесува 8.001.