Press "Enter" to skip to content

Елмир Граџан: играат слична одбрана како нашата, верувам дека ќе ја пробиеме

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола денес  во 20,45 часот во Лисабон го игра натпреварот против Спортнг во рамките на “Д“ групата од Европската лига, каде има одлични резултати во последните три кола со ремито во Швајцарија и победите во Грција и Битола.  

Елмир Граџан смета дека Португалците играат слична одбрана како и Еурофарм Пелистер и тоа може да биде од помош при подготовката на натпреварот и вели:

-Победивме против АЕК и Татабања, но би го спомнал и многу важниот бод од Швајцарија, каде игравме лошо прво полувреме и на крајот успеавме да се вратиме со еден бод. Сега тој бод е многу важен. Ниту еден натпревар не се препушта на случајот и како и досега ќе играме на победа. Пред две сезони игравме против Спортинг. Имаат одлична екипа, брз проток на топка и слична одбрана како нашата. Мислам дека ќе се спремиме и нема да имаме проблем да ја пробиеме.

Пелистерци вчера во комплетен состав отпатуваа во Лисабон, каде го имаа и единствениот тренинг пред дуелот утревечер од 20:45 часот. 

More from СпортMore posts in Спорт »