Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер пропушти победа во Лисабон и со реми и бод се враќа во Битола

Спортинг  – Еурофарм Пелистер 27:27 (14:16)

Екипата на Еуророфарм Пелистер со реми и бод се врача од Лисабон откако одигра нерешено со Спортинг 27:27, полувреме 14:16, во натпреавр во која имаа позитива до самиот финиш кога избрзаа и дозволија Спортинг со гол да израмни.

“Пелистерци“ имаа одличен старт и по првите седум минути имаа водство од 1:3, а потоа се одлепи на +3(2:5). Спортинг во 18. минута израмни на 8:8. Екипата на Бабиќ со Граџан, Мараш, Маџовски и Мандалиниќ одново го презеде водството со позитива од два гола 14:16. 

Еурофарм Пелистер сна стартот на вториот дел се искачи на позитива од четири гола (16:20). Идентично како и кон средината на првиот дел по промашениот пенал на Периќ за плус пет, домаќинот намали на само еден гол негатива и ја врати неизвесноста на мечот. Во 45. минута Спортинг израмни на 25:25). Стипе Мандалиниќ со два гола поведе со два гола, но во самиот финиш две катастрофални грешки во нападот ги чинеше пелистерци два гола и победа на овој меч.

Табоада со седум гола беше најефикасниот ракометар во таборот на Еурофарм Пелистер, а солидни беа уште Мандалиниќ со пет и Божиќ-Павлетиќ и Периќ со по четири гола.

More from СпортMore posts in Спорт »