Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен дилер, ограбена продавница, одземен паричник, физички напад и сообраќајни контроли

На 29.11.2021 во Битола од полициски службеници од СВР Битола е лишен од слобода 26 годишник од Битола, затоа што по претходно добиена наредба од Основен суд Битола e извршен претрес во негови простории сопственост, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Притоа кај него се пронајдени неколку опаковки прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.11.2021 во СВР Битола Ц.Т. (62) од Битола пријави дека, во периодот од 27.11.2021 до 29.11.2021 година, во продавница на улица „Петар Петровиќ – Његош“ во Битола било влезено со употреба на сила и погоден алат, при што биле одземени пари. Увид извршила екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.11.2021 во СВР Битола М.С. (77) од Битола пријавила дека во близина на хотел во Битола едно лице со употреба на сила и одзело паричник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.11.2021 во СВР Битола Ш.Р.(63) од Битола пријавила дека во нејзиниот дом била физички нападната од нејзиниот малолетен внук. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.11.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 49 мерки, и тоа против возачи кои ја пречекориле максималната дозволена брзина во населено место преземени се 19 мерки, додека 30 мерки против возачи кои ја пречекориле брзината надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.