Press "Enter" to skip to content

Со изложба одбележан денот кога Пелистер е прогласен за прв национаонален парк во Југославија (фотогалерија)

Во фоајето на Центарот на култура во Битола, беше отворена фото изложбата на Петар и Сашо Ставрев насловена „Пелистер се гали со очите, а се милува со душата“, со која во Битола денеска се одбележа 30 ноември – денот кога во 1948 година дел од планината Баба е прогласен за Национален парк Пелистер.Изложбата ја отвори директорот на Национален парк „Пелистер“ во Битола, Осман Шукриу, кој зборуваше за 73 годишната традиција од прогасувањето на Пелистер за национален парк и за изложбата на фотографии.-На денешен ден во 1948 година Пелистер е прогласен за прв национален парк во поранешна Југославија. Од тогаш па се до сега сите вработени, планинари и граѓани виделе грижа за целокупното природно богатство на планината, да се зачува и заштити. Националниот парк како устанива има 73 годишна традиција во управување со заштитено подрачје. Морам да признам дека ми претставува чест и задоволство да сум директор на овој национален парк, но и голем обврска. Нашата работа ја посветувамево заштита на природата и природните реткости и убавината на Пелустер, како досега така и натаму. Во тој контекст сакам да ви се заблагодарам на сите вас присутни и останатите што престојувале на оваа планина и воделе грижа за нејзината заштита. -Во моите 12 години како заменик на Агенцијата за иселелеништво, ивам прилика да посетам многу знаменитости и природни убавини во Америка, Австралија и повеќе европски земји. Сето тоа искуство сакам да го пренесам и во овој нацинален парк за што сметам дека и го заслужува. Имам подготвено обемна програма како за негова заштита така и за негова понатамошна популаризација. За тоа мислам имам целосна поддршка како во моите вработени така и меѓу планинарите и граѓаните, зашто ваквите убавини го заслужуваат тоа, рече Осман Шукриу, а за изложбата додаде:-Моја цел е средствата што се потребни за тоа да се обезбедат од државни извори и донации за да може богаството на оваа планина да не биде експлоатирано туку засекогаш заштитено. Преку оваа изложба насловена “Пелистер се гали со очите, а се милува со душата имате можност да видите дел од оваа приридна ризница што сигурен сум на сите вам им е опсесија за посета и престој. Верувам дека со вас ќе имаме одлична соработка, со цел националиот парк Пелистер да го направиме успешна приказна во мандатот кој ми претстои. Петар Ставрев во своето обраќање рече дека фо фоајето на битолскиот Центар за култура поместени се над 100 фотографии од различни предели на националниот парк, кои содржат сочувани фотографии фотографирани во изминатите 30 години.

More from ВестиMore posts in Вести »