Press "Enter" to skip to content

“Disruptors“ магазинот ја вброи Хелена Милески од “СН Осигурителен Брокер“ во топ 30 бизнис тренери за 2022 година

Интернационалниот магазин “Disruptors“ објави листа со топ 30 бизнис тренери https://www.disruptorsmagazine.com/top-30-life-coaches-to-look-out-for-in-2022/ за 2022 година, при што од Македонија на листата ја вброи Хелена Милески, раководител на секторот за животно и приватно здравствено осигурување во “СН Осигурителен Брокер“ АД Битола.

 Денеска повеќе од кога било досега, тренерите се присутни во бизнис секторот и нудат лидерство кое влијае на напредокот и развојот на бизнисите, пишува “Disruptors“ магазинот. Констатирајќи дека изборот на идеален тренер не е лесен овој бизнис магазин и оваа година објави листа на топ 30 тренери од целиот свет за кои вели дека со своето искуство и знаење оставаат истакнат белег во секторот во кој работат.

Хелена Милески го привлече нивното внимание со искуството и проактивниот пристап во најбрзорастечката компанија во Македонија – СН Осигурителен Брокер. Таа со работа започнува доста млада, уште пред завршување на студиите и e една од ретките жени во тој “машки свет”. Работното искуство го стекнува не само во Македонија, туку и во Србија, давајќи пример за вредности насочени кон инклузивност, соработка, иновации и континуирано учење, создавајќи инспиративна и мотивирачка средина која го прави СН Осигурителен Брокер привлечна дестинација за врвни таленти.

Денес, по 10 години искуство, можеме да кажеме дека таа е клучна личност меѓу осигурителните организации во овој регион, пишува Disruptors, појаснувајќи дека суштината на нејзината работа е давање помош на поединци и бизниси кога им е потребна, негувајќи ги вредностите на компанијата во која работи.

Хелена Милески која континуирано се стреми кон извонредност е пример за професионална посветеност на работата, со што ги инспирира младите да веруваат во себе и да ги постигнат своите цели, пишува магазинот.

Постојаното инвестирање во човечките ресурси, вложувањето во нови знаења и обучување на кадарот кој посветено се грижи за клиентите е стратешка определба на СН Осигурителен брокер. Компанијата располага со високообразован стручен кадар од 128 вработени, распоредени во 40 експозитури низ цела држава.

СН Осигурителен брокер АД Битола несебично вложува во кадри кои сакаат да се надоградуваат во осигурувањето и кои ќе му понудат дополнителна услуга на осигуреникот со максимална посветеност и отвореност, велат од СН Осигурителен брокер АД Битола.