Press "Enter" to skip to content

Во Битола 31 нови позитивни на ковид-19, оздравени 26, активни 628 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени се 2.674 тестирања, а регистрирани се 410 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 31.

Регистрирани сe 290 оздравени пациенти од  Битола се 26.

Во Битола има 8.685 лица кои биле или се позитивни на ковод-19, а активни се 628 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 64 и преку “Плодност“ 27 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.474.094 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.995, бројот на оздравени пациенти е 200.293, на починати е 7.592, а бројот на активни случаи изнесува 8.110.

More from ВестиMore posts in Вести »