Press "Enter" to skip to content

Жељко Бабиќ: на четири европски натпревари сме непоразени, тоа ни дава голема ментална сила!

Еурофарм Пелистер продолжува со одлините игри во Европската лига, а синоќешниот натпревар во Лисабон е четврти по ред меѓународен натпревар на кој екипата од Битола нема пораз, две нерешени на гостувања и по една победа во гости и дима.

По ремито со Спортинг 2727 на официјалната прес конференција тренерот на Еурфарм Пелистер, Жељко Бабиќ, истакна дека е задоволен од ангажманот и резултатот.

-Многу сум задоволен. Вечерва беше многу важно да не загубиме. Сакам да им се заблагодарам на ракометарите, се бореа за секоја топка и за секоја позиција. Игравме многу важен натпревар за двете екипи. Веќе четири натпревари сме без пораз и тоа многу ни значи за нашата ментална сила.  Групата е многу израмнета и треба да бидеме подготвени на драматични натпревари до крај. Треба да бидеме храбри и интелегентни. Целта ни е да бидеме меѓу четирите најдобри екипи во групата и да продолжиме со играње на елиминациони натпревари, рече хрватскиот стручњак.

Следен предизвик на пелистерци е домашен дуел со Тиквеш, додека за седум дена одново ќе се судри со Спортинг во Битола.

More from СпортMore posts in Спорт »