Press "Enter" to skip to content

Коњановски и Мицковски на средба со претставниците на регионалната стопанската комора

Во хотелот “Кеопс“ во Битола се одржа средба на градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, престедателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицковски со претставници на Регионалната стопанска комора.На средбата присуствуваа и Олга Лозановски, пратеник и член на ИО на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола – Пеце Милевски, кои информираат дека имале одлична конститутивна средба со претставниците на Стопанската комора до Битола, регионалната единица.Престедателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицковски рече:

-Благодарам, најпрвин ете што сте и денеска со нас, благодарност и до битолчани што денеска овозможија да се случи оваа средба со регионалната Стопанска комора овдека во Битола. Уште во предизборието имавме такви неколку состаноци, разговаравме за тоа кои се нивните објективни проблеми, кои се нивните субјективни проблеми. И уште тогаш кога зборувавме со луѓето од бизнис заедницата рековме дека кога ќе имаме можност ќе сториме се што е во рамките на законите, се што е во рамките на процедурите, тоа што било заглавено, тоа што било закочено поради објективни но и субјективни причини да биде истото одглавено и откочено за да може да се развива и за да може Битола да се развива, а со тоа да се развива и целиот регион.Бидејќи Битола нели е носител не само економската туку и демографската активност во овој регион. За мене секогаш претставува чест и задоволство кога сум тука, градоначалникот на општина Битола, пратеничката, советникот и останатите присутни кои што беа денеска со нас сведочеа дека ваков состанок можеби и првпат после една деценија се случува овдека во Битола, каде што можеме отворено да разговараме за проблемите и потребите на бизнис заедницата. И на мое лично задоволство неколку од тие проблеми веќе на самиот состанок беа би рекол решени и беа закажани состаноци во текот на следната недела. Забелешките беа дека претходната администрација на Општината била целосно затворена не само за граѓаните туку и за бизнис заедницата, нешто сакаме ние да го промениме и што беше едно од основните наши би рекол заложби за време на кампањата. И повеќе добив информација од 7.000 предмети во постапка на легализација биле закочени, а она што можевме да слушнеме е дека во периодот од следниве две недели повеќе од 1.000 веќе ќе бидат завршени и граѓаните и правните лица ќе го добијат тоа што им следува.  Така што очекувам динамичен развој на Битола и да го врати сјајот кој го заслужува, сјајот на конзулски град, тоа што и е.

Градоначалникот на Битола – Тони Коњановски по средбата рече:-Она што го кажав и во предизборието, настојуваме да го спроведеме и на дело. Ова веќе е и втора средба, пред некој ден кога ја организиравме оваа средба беа претставници на Стопанската комора и не информираа за начинот на кој ќе се организира средбата и пројавија огромен интерес по што се виде и од бројот на присутните денес. Не запознаа со нивните проблеми, со актуелната состојба, со секојдневните проблеми во работата. Она што го бараат е отвореност на Општината во поголеми размери, пристапност, и тоа јас им го ветувам и од ова место и веќе така се постапува, од самото доаѓање на новата локална самоуправа. Сето она што го ветивме дека Општината ќе биде сервис на граѓаните, дека ние сме тука да работиме, а не да заработиме, вратата да биде секогаш отворена и достапна. Договоривме вакви средби да се во иднина, тие го искажаа своето задоволство од организација на ваквата средба. Секако средбата беше помогната и во присуство на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски, тука е и нашата пратеничка, советникот Пеце Милески.