Press "Enter" to skip to content

Претполноќна снежна приказна од битолски Широк Сокак (фотогалерија)

Ако денешниот ден помина во знак на снежната виулица која за околу еден час, околу 11 чааот претпладне, ја “избели“ Битола, а вечерта ни донесе за прв пат минусни температури кои околу 23 часот беа -5 степени, а се очекува рано наутро да бидат околу -10 степени.На минусни температури, вечерва околу 22-23 часот, битолчани ги имаше по Широк Сокак, секако не во број во кој сме навикнати да ги гледаме. Кафулината во Битола посетени, а битолчани уживаа со топли напитоци на терасите, во топла атмосфера гледајќи и уживајќи во снежните убавини.Преку објективот на нашиот фоторепортер ви ги пренесуваме снежните пејзажи од битолски Широк Сокак, направени од Безистенот до Шеталиштето, преку “Магнолија“, пред “Веро“, кај “Епинал“, “Пајотн“, Камен Мост, Офицерски… во кои се надеваме дека ќе уживате.

Фотографии: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »