Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 23 нови позитивни на ковид-19, оздравени 34, починати 2 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19, од нив од Битола се 23.

Регистрирани сe 376 оздравени пациенти од Битола се 34.

До сега во Битола има 8.708 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 615 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 16 починати лица, две се од Битола на возраст од 33 и 86 години.

Направени се преку: ЦЈЗ Битола 81 и преку “Плодност“ 23 ковид тестови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.476.534 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 216.328, бројот на оздравени пациенти е 200.669, на починати е 7.609, а бројот на активни случаи изнесува 8.050.

More from ВестиMore posts in Вести »