Press "Enter" to skip to content

Завршен настан на проектот „Зголемување на можностите за развој на туризмот преку искористување на постоечките ресурси“ (фотогалерија)

Во ресторанот “Чифлик“ во Битола се одржа завршниот настан од проектот “Зголемување на можностите за развој на туризмот преку искористување на постоечките ресурси“, на кој присутвуваа носителите на дел од проектот, а имаа и свои презентации за тоа како се имплементрани проектите. По отворање на настанот и презентација од страна на Сузана Трајковска – Кочанковска на проектот I-TOUR, како модератор, поздравен говор одржа Горан Милевски, министер за локална самоуправа.-Со овој проект се зголемени можностите за врботување на локалното население, но имајќи почит кон животната средина преку користење на природните ресурси. Би сакал да кажам дека со нетрпение ја очекуваме новата програма и новите проекти за развој на туризмот. Нас, како држава, ни се посебно важни проектите за туризмот за да може комплетно да се развива со нови иновациски репенија, да бидеме лесно достапни за туристите од регионот и Европа. Министерството за локална самоуправа и понатаму се работи и со останатите прекугранични програми, нашите програми и општинските програми за дополнителен развој на локалниот туризам.На настанот зборуваше претставник на Заедничкиот Секретаријат и управувачкото тело на програмата за прекугранична соработка со Грција, Арсениоу Спиродон и Гого Видимче, раководител на Центарот за развој на Пелагониски плански регион кој рече:-Ми претставува огромно задоволство што денес ја имаме можноста да го организираме завршниот настан за проектот “Зголемување на туристичките можности преку искористување на веќе постоечките ресурси – I-TOUR”. Проект имплементиран во рамките на Interreg IPA-CBC програмата за прекугранична соработка со Грција а финансиски поддржан од Европската унија и Министерство за локална самоуправа. Сакам да дадам генерален осврт на резултатите кои се постиганаа преку имплементацијата на I-TOUR и што тоа значеше за подобрување на туристичката конкурентост на двата прекугранични региони Пелагонија – Лерин-Солун. Самата имплементација на проектот се одвиваше во неколку фази, почнувајќи од мапирање на туристичките потенцијали на пелагонискиот регион, а потоа нивно промовирање на најсоодветен начин, преку една симбиоза на активности во зависнот од желбите на потенцијалните туристички посетители. За таа цел беа изработени туристички производи за секој вкус (адреналинска, културна, дегустаторка) кои потоа беа тестирани и на крајот од денот беа промовирани надвор од нашите граници. Сето тоа беше проследено со изнаоѓање на правилните алатки за нивна промоција. Беа изработени профеисонални видеа, слики, мобилни апликации, прирачници, брошури, платено промовирање на сите изработени материјали на социјалните мрежи како фејзбук. Инстаграм, твитер и јутуб и ред други активности кои само позитивно придонесоа во нашите намерии цели. За на крајот кога веќе имавме еден готов туристички производ да го промовираме пред 17 реномирани европски тур оператори. Сакам да го потенцирам овај податок бидејќи за прв пат нашиот регион, одеднаш го посетија 17 европски тур-оператори од земји како Германија, Австрија, Велика Британија, Шпанија, Италија, Белгија, Полска, Чешка, Малта и останати. Претставниците на странските држави и тур оператори имаа можност да се запознаат со убавините кои што ги нудиме, a воедно да дадат и свој придонес во развивањето на туристичките продукти и да предложат нивно адаптирање согласно потребите на нивните клиенти.Влатко Сулев, претседател на Националната асоцијација за дојдовен туризам во своето обраќање рече:-Прекуграничната соработка е многу важна за продуктот кој ние во туристичката индустрија го продаваме посебно на странските пазари, посебно на блискиот и далечниот исток. Таа соработка мора да се интензивира кај сите во пелагонискиот крај. Овој регион заедно со Северна Грција има идеални услови за тоа што го сакаат модерните туристи и треба да ја интензивираме таа соработка понеѓу двете држави. Ме радува фактот дека постојат вакви проекти кои ги поврзуваат двете страни, а ние го збогатуваме регионалниот произвиод кој ќе го нудиме. Со ова ќе се позиционираме на одредени туристички пазари и мора да освоиме поголем дел и простор. Презентација на резултатите на проектот имаа Центарот  за развој на Пелагониски
плански регион и на јавна установа национален парк “Пелистер“, Факултет за туризам, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола, Национален Парк Преспа, Грција, и Универзитет Македонија, Факултет за бизнис администрација, Грција. На завршувањето на настанот беа пренесени на искуствата од локални понудувачи на услуги во туризмот од страна на Ана Лабор од “Spirit of Prespa“ и впечатоците од посетата на туроператорите на регионот.