Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: битолчанка наплаќала за вработување, полагање испити, купување стан, физички и со тврд предмет напад и сообраќајни контроли

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 39 годишна жена од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во периодот од февруари до април 2021, пријавената во повеќе наврати измамила повеќе граѓани, претставувајќи им се лажно и нудејќи им услуги за кои оштетените и давале пари, по што заминувала и не ги извршувала услугите. Во февруари, на жена од Прилеп понудила да ја вработи ќерка и во фабрика за што добила 65.000 денари. На крајот на aприл 2021 година на жена од прилепско село понудила да помогне при полагање на инсрукторски испит за што добила 240.000 денари. Исто така, на крајот на април на лице од прилепско село му понудила да ја забрза процедурата околу купување на стан за што добила 35.000 денари. Од истото лице добила и 25.000 денари за ангажирање на дизајнер за уредување на станот.

 
На 02.12.2021 во СВР Битола, Б.Ш. (69) од Битола пријавил дека тој и неговиот син Ѓ.Ш. физички и со тврд предмет биле нападнати од нивните соседи, по што тие и уште неколку лица со остри и тврди предмети ја оштетиле влезната врата и прозорците на неговата куќа на ул. „Љубојно“, но не успеале да влезат. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.12.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 12 мерки за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место, додека 3 мерки се преземни за пречекорување на максималната брзина надвор од населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.