Press "Enter" to skip to content

Хуманитарен концерт за битолчанката Ани Митревска

Лајонс клуб Кабадаја Битола и НУ Народен театар – Битола ве покануваат на хуманитарен концерт на ден 09.12.2021, четврток, со почеток во 20:00 на големата сцена на Театар Битола.

На концертот ќе настапат Jasna & Friends а сите собрани средства од продадените влезници ќе бидат донирани за лекување на битолчанката Ани Митревска.

Влезниците по цена од 200 денари ќе бидат пуштени во продажба во петок, 03.12.2021 и ќе можете да ги купите во Т. А. Теотравел.

Доколку сакате да донирате за Ани, повеќе информации имате на следниот линк – https://www.donacii.mk/…/apel-za-pomosh-na-andrijana…/

*настанот ќе се одржи согласно сите важечки здравствени протоколи