Press "Enter" to skip to content

Алхемија од поезија и уметност на промоција на “Алхемија на вечната земја“ и  изложба на фотографии во Офицерски дом (фотогалерија)

…Денес да се пишува поезија значи да се биде изгубен, невидлив странец, очаен во османеоста, а потполно посветен во собирањето на секое ливче и азбуки врежени во болната откорната утроба на една земја, на една земја… со крвави раце и преку кој се јавуваат светулките на сите предци… пишува рецензентот Владо Ѓоревски Рафик, за книгата на Лили Бошевска, која синоќа беше промовирана во Битола.Офицерски дом во Битола, со својата магичност во приквечерието, беше право место за алхемија на  поезија, уметност и музика. Присутните на промоцијата имаа можност да  уживаат во стиховите од песните на “Алхемија на вечната земја“ од авторот Лили Бошевска и фотографиите на Љупчо Илиевски – Машлак.Вистински спој на позија и фотографии. Стиховите кои ги читаа актерката Соња Михајловска и Никола Ристевски на вистински начин допреа до присутните во прекрасниот амбиент на Офицерскиот дом.Музиката и песните кои ги изведоа  само дадоа еден допир на музика во цела  алхемија на поезија и уметност. Музичкиот центар “Korunovska Music & Singing“, со професорките Александра Ристовска и Марина Коруновска, го подготвија музичкиот дел во кој настапија Емилија Ристевска, Сара Ковачка и Марија Цветановска како солисти, Димитар Србиноски- пијано и Петар Коштревски- кахон.Фотографиите на Љупчо Илиевски Машлак со фрагменти од нашето културно  наследство беа еден вид позадина на целата приказна на промоцијата. Таа приказна  ја раскажа  модераторот на настанот Билјана Т. Димко со допир на глума.За книгата низ делови на рецензентите:Владо Ѓорески – Рафик во  „Алхемија на вечната земја –  археолошко пребарување на фрагментите на поетската алхемија“  пишува Лили Бошевска повеќе не зборува за поезијата како восхит и чувство на пеење, оваа збирка е своевидно археолошко пребарување на фрагментите од поетската алхемија со која беше создадена една земја, еден човек, една верба…Алхемија на вечната земја“ е несекојдневно доживување на многуте трансформации на опстојот на вечната земја, но и восклик на Бошевска за љубов и заедништво, за пронаоѓање на местото на секого во фамилијата наречена народ, извик за слобода на секого во фамилијата наречена народ, извик за слобода на духот и препознавање на волшебството на сопругот, себеидентификација и кодификација на свопе видување на човешкото… пишува во својата рецензија „Портал на бесконечен живот на вечната земја“ Весна Мундишевска – Велјановска.Книгата „Алхемија на вечната земја“ ќе го пронајде својот пат до читателите, а е во издание на Друштво на писатели „Битолски книжевен круг“ Битола.

More from КултураMore posts in Култура »