Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: повреден пешак на 72 години на “Рузвелтова“ и сообраќајни контроли

На 02.12.2021 во 11.08 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Добривоје Радосављевиќ“ и ул.„Рузвелтова“, товарно возило „форд транзит“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 23 годишник од Битола, удрило во пешакот на возраст од 72 години од Битола. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

На 02.12.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 8 мерки за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.