Press "Enter" to skip to content

Даниел Главевски второ пласиран на државното првенство во пинг-понг кое се одржа во Битола (фотогалерија)

Во спортската сала на Гимназијата “Јосип Броз Тито“ се одигра натпреаврите државното првенство во пинг-понг за средни училишта, кој го организира Федерацијата за училишен спорт заедно со Сојузот за училишен спорт од Битола.Натпреварувањата на шеесеетина млади пингпонгари во машка и женска конкуренција ги отвори претседателот на Федерацијата на училишен спорт Александар Туфекџиски, кој рече дека ова е прво државно првенство во оваа учебна година, а тоа му припадна на Битола. Тука во оваа сала сме одржале во изминатите 20 години многу успешни првенства, а од тие млади спортисти сега имаме учесници на меѓународни сениорски натпревари.Во име на градот домаќин им се обрати претседателката на Советот на Оптштина Битола, Габриела Илиевска, која рече:-Ми претставува големо задоволство во име на градот домаќин да Ви посакам добредојде во Битола и да ви посакам успех во натпреварите на ова државно првенство во пинг-понг. Навистина е гордост да се биде домаќин на млади спортисти на државен натпревар, кој ни значи многу нам кои сме претставници на Општината, а се надевам дека и во други спортови ќе бидеме домаќини, а со тоа ќе помогнеме во развојот на масовниот спорт, што ни е обврска како локална самоуправа.На пинпонгарите и нивните професори и тренери им се обрати и претседателот на Сојузот за училишен спорт на Битола, Михајло Трампевски кој им посака успешни натпревари и победа на најдобрите.На првенство во иинг-понг за средни училишта во машка конкуренција победник е Теодор Волканоски од Крушево, второпласиран е Даниел Главевски од гимназијата “Јосип Броз-Тито“ од Битола, а ментор му е Антонио Трпковски, а на трето место е пласиран Борис Секулов од Струмица.Во женска конкуренција победничка е  Ана Стојановска од Крива Паланка, на второ место Изабела Ковачовска од Берово и на трето место е Сара Стојановска од Скопје.

Фото: Д. Ристевска

More from СпортMore posts in Спорт »