Press "Enter" to skip to content

Добијте гратис патничко здравствено осигурување со секоја полиса “СН Дом“ купена во текот на овој декември

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, “СН Осигурителен Брокер“ подготви промотивна кампања за домаќинско осигурување, во чии рамки доделува гратис патничко здравствено осигурување. 

Декември е месец на домаќинско осигурување во “СН Осигурителен Брокер“. Со секоја полиса “СН Дом“, купена во текот на овој декември, на клиентите им доделуваме гратис патничко здравствено осигурување. Истото можат да го искористат при патувања за време на новогодишните и божиќните празници или тогаш кога ќе изберат во текот на цела 2022 година, велат од “СН Осигурителен Брокер“ АД Битола.

Домаќинското осигурување со пакетот “СН Дом“ опфаќа осигурување на домот и членовите на домаќинството по цени веќе од .1200 денари годишно, при што дополнителна придобивка е бесплатното патничко здравствено осигурување.

За оваа промотивна понуда која ќе трае до крајот на декември клиентите можат да добијат повеќе информации на веб-страницата на “СН Осигурителен Брокер“: www.snbroker.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 15 770.