Press "Enter" to skip to content

Лајонс клубот “Кабадаја“ во “Св. Климент Охридски“ го одбележа меѓународниот ден на лицата со попречености (фото)

Лајонс клубот “Кабадаја“ од Битоа по повод 3. декември, Меѓународниот ден на лицата со попречености, во ОУ „Климент Охридски” во Битола и специјалниот едукатор и рехабилитатор, Андријана Шокларовска, членка на клубот, имаа неколку настани со кои го одбележаа овој ден.Ученици од петто одделение носеа очила кои симулираат различни проблеми со видот. На овој начин децата можеа да се запознаат со какви проблеми се соочуваат нивните другарчиња кои имаат проблеми со видот.На крај беа испратени шарени балони во воздух со кои ја одбележавме симболичната порака на лајонс клубот “Кабадаја“ од Битола ‘Обој ме во пријател”.