Press "Enter" to skip to content

МНД Битола го промовираше списанието “Современи дијалози“ број 9 (фото)

Во салата за промоции на НУУБ “Св. Климент Охридски“ од Битола беше промовирано 9. издание на меѓународното списание за култура-литература, драмска уметност, филм и издваштво, кое го издава Македонското научно друштво од Битола.На промоцијата на списанието “Современи дијалози“ зборуваше проф. д-р Даниела Андоновска – Трајковска која е главен и одговорен уредник на списанието, која рече:-Деветтиот број е најобемно издаие до сега и е резултат на посветеноста, идејноста, упорноста и селективниот пристап на редакцијата на списанието која има меѓународен карактер. За квалитетот на списанието е успешна соработката со реномирани книжевници, научници и ликовни уметници од нашата земја, но и пошироко која од година во година станува потехерогена, поцврста и попродлабочена. Доказ на тоа е исполнетоста на стандардите рубрики на списанието со содржини кои имаат високи научни и естетски вредности. Во списанието има осум рубрики, застапени се 86 книжевници и 6 наши познати ликовни уметници, односно 52 македонски автори и 40 автори од 26 земји од светотот.Во име на издавачот, МНД Битола на промоцијата зборуваше претседателката проф. д-р Невена Груевска, која на сите кои се вклучени до подготовната им се заблагодари, а на просутните авори од Битола кои се застапени во списанието и беа присутни на промоцијата  им посака уште многу плодна работа.

Современи дијалози започна да издава од 2013 година, излегува еднаш годишно на два јазици, македонски и англиски. 

More from КултураMore posts in Култура »