Press "Enter" to skip to content

Промоција на 22 нови тактилни слики изработени за лицата со оштетен вид (фото)

По повод 3. декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во “Магазата“ во Битола, НУ Завод и музеј Битола, презентираше 22 нови тактилни слики изработени за лицата со оштетен вид. На паноата се поставени текстови на брајово писмо, тактилни слики, фотографии и текст.Изложбата може да се посети со закажување во мали групи. Во рамките на проектот се изработени и 22 нарации со описи за предметите и 22 видеа на знаковен јазик.Тактилна изложба со мотиви од постојаната поставка на НУ Завод и музеј Битола ја промовираа д-р Ирена Ружин – раководител на проектот и м-р Јове Парговски- координатор.-Изложбата е составена од 22 нови подготвени тактилни слики изработени за лицата со оштетен вид кои сега ги имаме вкупно 100. Овие тактилни слики се дел од поставката од 2.000 колку ги има во поставката во Музејот. Се надеваме дека овие паноа ќе бидат од голема помош за вас, а тоа дека сте тука со нас промоцијата ни дава верба дека ова што го правиме е прифатено од вас, а тоа е и целта на проектот, рекоа Ружин и Парговски.Во описите на предметите учествуваа кустосите м-р Мери Стојанова, Ефросинија Паревска, Јасмина Гулевска,  Енгин Насух, Владо Ѓорески, Слободан Стојковски, Оливера Макриевска.По повод 3. декември утре во просториите на лицата со оштетен вид “Гаус Институтот“ ќе има донација на тактилни слики и статуи кои ќе ги имаат на трајко користење.